Џенифер Лопез и Бен Афлек изминативе месеци станаа топ тема низ целиот свет, откако се појавија гласините дека најомилениот пар на сите времиња ја обновуваат својата љубов.
Имено, Лопез и Афлек веќе не ја кријат својата љубов, а дека се посреќни од кога било зборуваат многуте фотографии што се појавија во јавноста.
„Многу сум среќна“, рече Лопез во понеделникот во интервју со Зејн Лоу на „Apple Music 1“.
„Знам дека луѓето секогаш сакаат да знаат. Како сум? Што се случува? Дали сум добро? Ова е тоа. Никогаш не ми било подобро“, откри ѕвездата.
„Луѓето кои се грижат за мене, за кои и јас многу се грижам, сакам да знаат дека навистина стигнав до местото во мојот живот каде што се чувствувам одлично самата со себе. И мислам дека штом ќе стигнеш на тоа место, тогаш ќе се случат неверојатни работи што никогаш не си замислувал во животот дека ќе се повторат. И така, тука сум и јас“, откри Лопез.
„Ја сакам целата љубов што чувствувам сега и сите добри желби. И само сакам сите да знаат дека ова е најдоброто време. Тоа е најдоброто време во мојот живот“, додаде Џенифер.