Дуа Липа призна: Да, верени сме! Многу е возбудливо

Контроверзната албанска пејачка Дуа Липа, која во август ќе наполни 30 години, првпат јавно го сподели своето возбудување откако пет години постариот актер Калум Тарнер ѝ предложил брак.

„Да, верени сме. Многу е возбудливо“, изјави таа за британскиот „Vogue“, па додаде: „Одлуката да остареме заедно, да го замислиме заедничкиот живот и едноставно, не знам, да бидеме најдобри пријатели засекогаш – тоа е навистина посебно чувство.“

Кон крајот на минатата година се појавија вести за нивната романтична свршувачка, а Дуа често беше видена со блескав дијамантски прстен на раката. Зборувајќи за плановите за свадба, Дуа рече дека се надева дека најпрво ќе ја заврши својата турнеја, а Калум снимањето на филмот, пред да се венчаат.


View this post on Instagram

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Иако свадбата моментално не ѝ е приоритет поради густата агенда и настапите, Дуа Липа признава дека почнала да размислува за венчаницата.

„Сакам да ја завршам турнејата, Калум снима, така што само уживаме во овој период. Никогаш не сум била личност што премногу размислува за свадба или сонува каква невеста ќе бидам. А потоа, одеднаш, си велам: ‘Што би облекла?’“ – изјави таа.

Дуа откри и дека е „опседната“ со својот веренички прстен, додавајќи: „Прекрасно е чувството кога знаеш дека личноста со која ќе го поминеш остатокот од животот навистина добро ја познава твојата душа.“

Дуа и Калум за првпат беа поврзани во јануари 2024 година, а наводно се вериле за Божиќ истата година.

„Би сакала еден ден да имам деца. Но тоа постојано е прашање – кога воопшто би бил добар момент? Како би се вклопило со мојата работа, како би функционирало ако одам на турнеја и колку време би требало да земам пауза. Мислам дека тоа е една од оние работи што ќе се случи кога ќе дојде време. Сакам деца, но мислам дека има многу повеќе во одгледувањето дете отколку само да ги сакаш децата,“ искрено вели Дуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e