Филмот „Враќањето на Жикината династија“ во режија на Милан Коњевиќ, премиерно ќе биде прикажан на 2 декември во Сава Центарот, како продолжение на култната филмска серија „Луди години“, која го означи созревањето на бројни генерации, објавија денес дистрибутерите.
Како што е наведено, филмот „Враќањето на Жикината династија“ ја следи приказната за Миша Павловиќ, кој сè уште го толкува Никола Којо, а чии љубовни и животни проблеми внимателно ги следат фрау Елза, која ја игра Весна Чипчиќ и таткото на Боба, кој го толкува Владимир Петровиќ.
„Главната линија на приказната го следи Миша, чии синови не ги видел долго време, бидејќи живеат со Наташа во Москва, но кога пристигнуваат момчињата кои ги носат имињата на нивните прадедовци – Жика и Милан, започнуваат нови „луди години“, полни со смеа, авантура, но и семејни вредности“, се вели во филмот.
Улогите ги толкуваат и Данијела Димитровска, Срѓан Тимаров, Младен Совиљ, Јово Макшиќ, Гала Виденовиќ и Слободан Бода Нинковиќ. Тука се и Љиљана Стјепановиќ, Милена Предиќ, Тамара Радовановиќ, Мина Ненадовиќ, Катарина Вељовиќ, но и младите актери Никола Бруно и Гаврило Иванковиќ.
Сценариото е напишано од Милена Марковиќ, додека продуценти на филмот се Милан Тодоровиќ, Огњен Ракчевиќ, Горан Пековиќ и Јован Марковиќ, продуцирани од Talking Wolf Productions, Olimp Productions и FIT.
Филмот е снимен со поддршка на Филмскиот центар на Србија и платформата Аполо, а кино дистрибуцијата е доверена на Арт Виста, се наведува во соопштението.
