Дино Мерлин ќе биде ѕвезда на вечерта на штипската Патрамалијада. На 20 септември годинава на стадионот во Штип, освен Дино Мерлин, ќе настапат и Елена Ристевска и Владо Јаневски. Се очекува голем број посетители од регионот, државата, но и странство и вистински музички спектакл. Како што истакнаа од општината подготовките за традиционланата манифестација Пастрамалијада веќе се во тек. Се работи на целосно уредување на стадионот каде ќе се одржи оваа година за првпат оваа манифестација, со што посетителите ќе можат максимално да уживаат.
И годината остануваат традиционалното сечење на ѕиновската пастрамајлија, натрпевар во брзо јадење.