Девојче или момче – Милица Тодоровиќ го дозна полот на бебето!

Пејачката Милица Тодоровиќ ја живее најубавата животна улога – наскоро ќе стане мајка. По првичните резултати од лекарите, ѝ било кажано дека ќе роди девојче, но на последниот ултразвучен преглед се случил пресврт: се покажало дека сепак очекува син.

Кога прво слушна дека ќе добие ќерка, беше пресреќна. Но на последниот преглед докторите сфатија дека бебето е машко. Претходно било незгодно свртено, па се направила грешка“, открил близок извор за медиумите.

Иако во првиот момент била малку разочарана, пејачката брзо ја прифатила новата вест. Нејзиниот партнер ја утешил со зборовите дека нема да запрат на едно дете и дека во иднина ќе добијат и девојче. Сега, најважно за двајцата е тоа што бебето е здраво, а целото семејство со нетрпение го очекува „малиот принц“, пишуваат медиумите од регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e