Холивудската актерка Деми Мур последните неколку месеци тајно се гледа со еден од најпознатите готвачи во светот, Швајцарецот Даниел Хум.
59-годишната глумица официјално ја објави љубовната врска со 46-годишниот Даниел на Инстаграм со нивните заеднички фотографии направени на овогодинешното Отворено првенство на Франција (French Openu) и на улиците во Париз.
Деми Мур по разводот со третиот сопруг Ештон Качер не откриваше многу за својот љубовен живот, а беше поврзувана со многумина. Американските медиуми пред неколку месеци пишуваа за нејзината врска со успешниот Швајцарец кој се дружел со Меган Маркл и Лорен Пауел Џобс.