Делото “Чекори”, автобиографска приказна на Оливер Јовановски за изгубените животни вредности

-На возраст од 12 години, добро паметени и меморирани во мене, денот беше дождлив. Ден за училиште. Ден кога се слушаше далеку детскиот џагор викање, на секаде смеење, на секаде. Јас седев на балконот со мојата баба. Се спремав за на училиште. Од балконот го гледав Никола со новиот велосипед. Ех бабо види Никола има нов велосипед…. Вака започнува автобиографското дело “Чекори” на писателот Оливер Јовановски кое од следните денови ќе биде достапно во продажба.

Во книгата, како што вели Оливер, со лични примери е опишано неговото детство и за тоа како децата не треба да се учат да сакаат многу пари, бидејќи, учејки од лично искуство, имајки се што посакувал, го навело да презема лоши чекори во животот. Оливер смета дека токму читањето на книгата и неговото животно искуство ќе ги насочи читателите длабоко да размислат за вистинските вредности на животот.

Книгата добива добри критики од страна на Универзитетската библиотека и за почеток ќе излезе во тираж од 1000 бројки низ продажните места на книжарниците Индизајн и Унистар.

Книгата, според содржината, ќе биде многу барана кај средната возраст деца кои сакаат да читаат бидејќи истата книга содржи, како што вели Оливер, монографија со многу брзи заплети и расплети објаснети со конкретни ситуации и случувања.

Редакцијата на Ипортал имаше прилика да ја прочита книгата за која даваме топла препорака истата да ја прочитате и да се уверите во  зборовите на новонадежниот писател кои ќе ве натерат да размислите за она исконското, за она правичното.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e