Пејачката Рада Манојловиќ за порталот „Србија денес“ проговори за тоа како се чувствува пред доаѓањето на Новата година.
Пејачката ги откри и своите планови за во иднина и кажа дека „најлудата ноќ“ ќе ја помине во Белгдар- работно.
Неодамна на социјалните мрежи таа објави фотографии кои ги разгореа гласините дека е бремена па сега Рада конечно реши да стави крај на озборувањата и призна се за овие шпекулации.
– Секогаш сум многу нервозна пред Нова година. Излегува дека никој ништо не работел во текот на целата година. Снимањето се турка десет дена пред крајот на годината. Снимам и пеам, како да сум на лента сум за трчање.
– Новата година ќе ја поминам работно во Белград. Вредна сум во последните шест месеци, од кога сè врати се во нормала.
За последна објава на Инстаграм која натера многу луѓе да помислат дека е во блажена состојба таа вели …
– Харис е во право, тој беше првиот што рече дека изгледам како да сум бремена. Ги видов и коментарите. Тоа е само таква поза. Фотографијата испадна сосема спонтано. Секако дека не сум бремена.