Додека кралот Чарлс Трети одбива да го коментира тврдењето на синот Хари и снаата Меган Маркл изнесено во документарната серија „Хари и Меган“, продолжува да ги наградува оние кои му се лојални.
Според пишувањето на американскиот магазин „People“, кралот Чарлс Трети ѝ доделил уште една титула на принцезата од Велс, Кејт Мидлтон.
Имено, тој ја именувал својата снаа, сопругата на постариот син и престолонаследник принцот Вилијам, за почесна полковничка на Ирската гарда.
Медиумите истакнуваат дека станува збор за многу прикладно именување поради тоа што Кејт редовно на Денот на Свети Патрик му оддава почит речиси секоја година откако влегла во британското кралско семејство со венчавката за Вилијам во 2011 година.
Не само што таа задолжително присуствува на церемонијата на одбележувањето на овој празник туку и секогаш е облечена во зелено и носи симболични детали со кои ѝ оддава чест на ирската традиција.
Како што пренесуваат медиумите, Кејт Мидлтон на местото на полковничка го наследила својот сопруг Вилијам, кого кралицата Елизабета го поставила за почесен полковник на Ирската гарда два месеци пред да се венчаат тој и Кејт.
Во екот на новото именување и фактите дека британското кралско семејство на чело со кралот, апсолутно ги игнорира принцот Хари и Меган Маркл по нивните скандалозни тврдења за расизмот и притисоците кои ги трпеле, многумина се прашуваат како војводата и војвотката од Сасекс ќе реагираат на „унапредувањето“ на Кејт Мидлтон.