Цената за концертот на Адел во Лас Вегас оди и до 70.000 долари

Цените на билетите за последните концерти на Адел во Лас Вегас се движат од 3.500 долари до дури 5.000 долари, додека некои препродавачи нудат билети од 13.000 до 70.000 долари.

„Сакам голема пауза после сето ова и мислам дека сакам да се занимавам со други креативни работи некое време. Знаете, јас воопшто не пеам дома. Колку е тоа чудно?“, му рекла Адел на германскиот ЗДФ пред десет распродадени настапи во Минхен, пренесува 24сата.хр.

Но, Адел очигледно решила добро да ги плати солзите на фановите. Многумина беа шокирани од цените на билетите за последните концерти пред најавената музичка пауза.

На веб-страницата Seat Geek, првите места на сцената чинат повеќе од 5.000 долари, додека оние што се најоддалечени од сцената ќе мора да издвојат помеѓу 3.500 и 4.800 долари.

Некои препродавачи нудат билети по астрономски цени, препродавајќи ги за седишта пред сцената од 13.000 до дури 70.000 долари. Многумина останаа запрепастени од цените на билетите, а своето незадоволство го изразија на социјалните мрежи.

„Влезниците во Минхен беа бесплатни во споредба со овие цени“, „Ако го дозволиш ова како уметник, тогаш губам секаква почит кон тебе“, „Еве зошто многу Американци дојдоа на концерти во Германија“, напишаа обожавателите на Инстаграм.

Но, Адел веројатно финансиски се снабди откако реши да започне нова кариера, поточно глума.

„Адел повеќе од една година посетува интензивни часови по глума кај врвен холивудски тренер. Кога се обврзува на нешто, дава 100 проценти од себе“, изјавил извор за Дејли Мејл.

Има и филм на кој би сакала да работи, но сè уште нема сценарио бидејќи, како што вели, сценаристот не е „ментално подготвен“ за тоа.
Иако многумина ги коментираат цените на билетите во Лас Вегас, на почетокот на септември се појави веста дека Адел одбила потенцијална исплата од 200 милиони долари, што би било нејзиниот најголем хонорар во кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e