Цеца проговори за својот емотивен живот и откри дали има момче

Балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ синоќа одржа концерт во Штутгарт, соборувајќи го рекордот на посетеност.

Цеца ја доведе атмосферата до „вриење“, а во еден момент им се обрати на присутните и проговори за својот емотивен статус.

– Знаете што? Мојот статус е најјак – соло! Супер. Никој не ви пречи, никому не одговарате, правите што сакате, одите каде сакате – рече Цеца, а публиката ја награди со громогласен аплауз.
Цеца неодамна во емисијата „Цеца шоу“ откри дека темелно се подготвува за концерт, за да ги исполни големите очекувања на своите обожаватели и да им овозможи незаборавно искуство:

„ Подготовките почнаа полека, бидејќи тоа е многу голем проект. По Нова година ќе биде поактивно.

На прашањето дали наскоро можеме да очекуваме нова песна, пејачката ги остави фановите во исчекување велејќи:

„Полека се работи на сѐ“, рече Цеца, не сакајќи премногу да открива детали за новите песни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e