Светлана Ражњатовиќ изминатиов викенд беше специјална гостинка на роденденска забава кај еден милионер во Швајцарија.
Станува збор за 31-годишниот Тео Кораќ, кој е по потекло од Црна Гора, а со години живее и работи во Цирих. За најголемата балканска ѕвезда бизнисменот организирал спектакуларен пречек.
Во алпската земја Цеца пристигнала со авион, и тоа со бизнис класа, додека на аеродромот ја чекала луксузна лимузина. Таа била сместена во еден од најскапите хотели, во луксузен апартман.
Тео Кораќ не штедел за роденденот, па прославата го чинела, како што тврдат упатените, повеќе од 100.000 евра. Цеца пеела еден час, а потоа на гостите им посакала убаво да си поминат на забавата, пренесува Блиц.рс.