Бритни Спирс објави на Инстаграм дека нејзината бременост добила трагичен тек и дека повеќе не чека бебе.
– Со голема болка објавуваме дека го загубивме нашето бебе, нашето чудо во раните месеци од бременоста. Ова е ужасен момент за секој родител. Можеби требаше да почекаме да се објави бременоста, но бевме премногу возбудени. Љубовта што ја чувствуваме еден за друг е нашата сила. Ќе продолжиме да работиме на проширување на нашето прекрасно семејство. Благодарни сме за сета ваша поддршка. Бараме приватност во овој тежок момент, напиша Бритни.
Имено пејачката пред пет недели објави збунувачка приказна за слабеење, па враќање… па за тестирање за бременост и на крајот изјави: „Чекам бебе“.