Бритни Спирс ги загрижи фановите: Го деактивираше својот Инстаграм профил и се повлече од очите на јавноста

Бритни Спирс ги загрижи своите обожаватели откако дознаа дека нејзиниот Инстаграм профил е деактивиран.

Инаку, таа беше исклучително активна на оваа социјална мрежа, а снимките од по малку чудни кореографии станаа нејзин заштитен знак.

Иако досега неколку пати го деактивираше својот профил, нејзините верни фанови повторно се вознемирени.

– Сега видов дека вашата сметка на Инстаграм е затворена. Дали си добро? – праша еден фан на Бритни на Твитер, по што го следеа и други корисници.

– Нејзината последна објава беше малку чудна. Се пожалила дека нејзиниот постар брат не и дал виски и Кока-Кола… Се изгледало како скриена порака – објавено е.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e