Бред Пит, актерот кој ги излудуваше обожавателите кога Инстаграм не постоеше, денес го слави својот 62-ри роденден. Пит е една од најголемите ѕвезди во Холивуд повеќе од три децении.
Роден е на 18 декември 1963 година во Шони, Оклахома, а пораснал во Мисури. Студирал новинарство и рекламирање, но само две недели пред дипломирањето, решил да ги спакува куферите и да ја испроба среќата во Холивуд. Овој потег се покажа како еден од најдобрите во историјата на филмската индустрија.
Своите први актерски чекори ги направи кон крајот на 1980-тите во телевизиски серии, но привлече светско внимание во 1991 година со улогата на згоден стопер во филмот „Телма и Луиз“. Таа кратка, но впечатлива сцена го лансираше во слава, а Холивуд брзо сфати дека Пит е повеќе од само убаво лице.
Во текот на 1990-тите, тој изгради импресивна кариера Иако често е прогласуван за еден од најзгодните мажи во светот, Пит со текот на годините докажа дека е и сериозен актер, склон кон неконвенционални улоги.
Во последните години, често се пишува дека Бред Пит има затегнат однос со своите деца, особено по неговиот бурен развод од Анџелина Џоли.
Според медиумските извештаи, некои од неговите деца се дистанцирале од него, а некои дури и се откажале од неговото презиме во јавни и правни контексти и го користат само презимето на нивната мајка, Џоли. Пит ретко јавно зборува за тоа, а целата ситуација останува една од најчувствителните теми во неговиот приватен живот.
Во последните години, Пит ретко се појавуваше јавно со своите партнерки, но е потврдено дека е во врска со дизајнерката на накит Инес де Рамон од 2022 година, според написите во светските медиуми. Иако денес го чува својот приватен живот многу подискретен отколку порано, извори блиски до актерот велат дека тој е во стабилна и мирна фаза од својот живот.
