„Рибља чорба“ ги откажа сите настапи поради лошата здравствена состојба на Бора Ѓорѓевиќ, попознат како Бора Чорба.
„Поради нарушено здравје, лекарите му забранија на Бора да патува и да се напрега поради тешко воспаление на белите дробови, како и влошување од хронична опструктивна белодробна болест. Секако, како и секогаш, ќе ја победиме болеста и штом Бора оздрави, ќе се видиме на нови дружби“, објавија членовите на бендот на својот официјален фејсбук-профил.
„Блиц.рс“ пишува дека музичарот моментно е во болница. „Бора е во болница, сѐ ќе знаеме за 24 часа. Засега имаме информации дека се работи за тешко воспаление на белите дробови, семејството е информирано за сѐ“, изјави Бане Обрадовиќ, менаџер на групата.