Добитничката на греми-награда, Били Ајлиш се појави на првата насловна страница на магазинот „Вог“ во новата година, а во видеоинтервјуто зборуваше за својот однос со планетата и самата себеси.
Били Ајлиш откри дека морала да научи како да се сака себеси, а започнала со прифаќање на физичкиот изглед.
Многу проблеми произлегоа од гневот кон моето тело, бев лута затоа што ми предизвика толку многу болка и затоа што изгубив многу поради работите што ми се случија, рекла таа.
Таа во интервјуто зборуваше дека на денешната младина ѝ претстои понеизвесна иднина, за разлика од постарите генерации. Таа објасни како се грижи што повеќе да се вклучи во климатскиот активизам и додаде:
Не сакам да парадирам наоколу како „Погледни ме. Јас правам разлика“. Само сакам да направам промена без врева. Соништата ќе одат на депонија, го знам тоа. Не сакам да правам или продавам ништо. Но никој нема да престане да носи облека. Никој нема да престане да произведува работи. Се обидувам да дадам се’ од себе.