Били Ајлиш: Да не беше вакцината, ќе починев од корона

Музичката поп ѕвезда Били Ајлиш била гостинка кај радискиот водител Хауард Стерн. Во искреното интервју таа открила дека била позитивна на Ковид-19 во август годинава.

„Вакцината ме спаси и мене мојот брат, но и моите родители и пријатели кои не ги заразив“, изјавила Били Ајлиш вчера.

Кантавторката рекла дека два месеци по инфекцијата не се чувствувала добро и дека сè уште чувствува некои последици.

„Сакам да бидам јасна – јас сум добро благодарение на вакцината. Да не бев вакцинирана, ќе починев бидејќи бев многу лошо. Кога ќе кажам лошо, тоа значи дека се чувствував грозно. Знате на што мислам, кога сте болни, но се чувствувате ужасно“, раскажала Били.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e