Бела Хадид итно хоспитализирана

Бела Хадид била итно хоспитализирана откако имала неколку тешки денови, а точната причина за сместувањето во болница сè уште не е позната.

На основа на пишувањата на странските медиуми, се претпоставува дека нејзината состојба се искомплицирала бидејќи манекенката секој ден е на модната писта уште од почетокот на модните недели во септември.

Бела постојано е на снимања поради кои наводно гладува, а се чини дека уморот и стресот го направиле своето. Поединечни извори велат дека манекенката не јаде ништо и постојано пуши цигари.

Хадид ги загрижи своите фанови со фотографии од болничкиот кревет, на кои се гледа нејзиниот грб со залепени фластери кои се користат за намалување на високата температура и ублажување на болките предизвикани од инфекција.

Бела инаку се бори со Лајмска болест која настанува од убод од заразен крлеж. Убодот од крлеж е најчест начин на зараза, а инфекцијата може да настане и преку конјунктивитис или микроповреди кои настануваат по уништување на крлежот и иритација на кожата со неговата содржина.Манекенката открила дека болеста ѝ била дијагностицирана кога имала 14 години и признала дека ѝ оневозможува секојдневно функционирање. Во една прилика објаснила дека секој ден се соочува со низа непријатности – аритмија, промена на расположението, болки во зглобовите, потење, мачнини, несоница и главоболка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e