Беквалац ги извади силиконите – Драги мои жени, ние не сме нашите гради, задникот, косата, кожата

Српската пејачка Наташа Беквалац, позната по својот беспрекорен изглед и отвореноста кон естетските процедури, ја шокираше јавноста кога неодамна се појави на концерт без силикони. Одлучила да направи радикален пресврт во својот физички и духовен идентитет. Многумина ја забележаа промената, но никој не очекуваше толку искрена и силна порака што подоцна ја објави на својот инстаграм-профил.

– И вака, веќе 25 години, ги поминувам сите фази од мојот живот со вас, секој пад, секој успех, падови и бродоломи, и повторно станување. Зад мене е период кој не беше лесен и одлучив да го поминам сама и во тишина. Ви благодарам за вашите прекрасни пораки и за грижата, секогаш се чувствував безбедно и сигурно со вас. Сега сум супер, се чувствувам добро, силно, стабилно. Драги мои жени, ние не сме нашите гради, задникот, косата, кожата, ние сме енергија, вибрации, љубов и сè што нè доведе до тоа да бидеме жени какви што сме денес. Ослободете се од сè што веќе не е ваше, отфрлете сè што ве стега и повредува. Јас го направив тоа. Се подготвувам за нова фаза од мојот живот и едвај чекам да чуете за тоа. Растеме заедно. Со љубов и почит. Вашата Наташа – рече Беквалчева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e