Бекамови на свадбената церемонија на Бруклин Бекам, забранија користење на мобилни

Бруклин Бекам на 9 април ќе се ожени со својата свршеница Никола Пелц, а во јавноста секој ден се појавуваат нови детали за венчавката на годината.

Кум на венчавката на 23-годишниот Бруклин и 27-годишната Никола требало да биде музичарот Елтон Џон, но тој наводно во тоа време ќе биде на долго планираната турнеја. Меѓу познатите гости ќе бидат Гордон Ремзи, поранешните Спајс Грлс, актерката Ева Лонгорија, синот на Мадона, Роко Ричи и други.

На сите гости ќе им биде забрането да ги користат своите мобилни телефони за време на церемонијата, а првите фотографии од невестата и младоженецот ќе бидат ексклузивно дадени на „Vogue“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e