Пионерката на темната женска енергија се појави со драматична трансформација на косата, која потсетува на Кери Бредшо од „Сексот и градот“, облечена во моделите на нејзиниот нов бренд за облека и „креативен колектив“, „Atelier Jolie“.
Една од најубавите актерки во светот, позираше за насловната страница на едицијата есен/зима 2024 на „CR Fashion Book“, а нејзината фризура која потсетува на кадрици во диско од 80-тите го привлече вниманието на обожавателите.
Во интервјуто за насловната страница, актерката нашироко зборува за тоа што ја инспирирало нејзината одлука да лансира бренд за облека и надежта дека нејзиното најново поглавје ќе биде сфатено и прифатено како што го замислила, пишува „Гламур“.
„Мојата намера беше да изградам простор, дом, за луѓето да создаваат и да се инспирираат. Куќата е составена од уметници и дизајнери од целиот свет, а во срцето е поканата повторно да се вклучиме во дизајнот и да изградиме заедница“, рече Џоли во интервјуто.
49-годишната актерка за потребите на снимањето ја замени својата препознатлива долга и права коса со локни, а нејзиниот изглед предизвика различни реакции. Имено, додека едни ја пофалија промената, други пишуваа дека е непрепознатлива.
„Мислев дека е Камерон Дијаз“
„Да не беше нејзиното име, немаше да ја препознаам“,
„Тој што ѝ ја направил косата трба да биде отпуштен“, се само дел од коментарите.