Младата музичка ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ воодушевила со својот прв настап, кој беше во Париз, на кој наводно била запросена.
На настапот на Анастасија на сите во око им „паднало“ момче со огромен букет цвеќе, кој внимателно го следел секој чекор на Анастасија.
„Висок, згоден и млад, убаво облечен, со огромен букет рози ја слушаше и ја гледаше Анастасија како магепсан. Кога настапот завршил, Анастасија ја чекале фанови кои сакале да се фотографираат со неа, а таа трпеливо делела автограми и се фотографирала со сите. Во редот бил и момчето со букетот – рекол изворот за српските медиуми.
„Изгледаше дека само ќе и го даде букетот и ќе се фотографира со неа, меѓутоа кога дојде на ред, тој и ја бакна раката и се претстави и ја запроси. И рече дека е воодушевен од неа, нејзиниот лик, дека долго ја следел преку медиумите и дека би сакал остатокот од животот да го помине со неа – додал изворот.
Присутните биле малку шокирани, но на изненадување на сите, Анастасија ниту се збунила, ниту се исплашила, па на некој начин ја прифатила оваа игра.
„Анастасија само се насмеала, го земала букетот и се заблагодарила на понудата, додала дека не е подготвена да се омажи и дека сега е фокусирана само на својата кариера. Таа се фотографирала со шармантното момче и се поздравиле со насмевки на лицето – рекол изворот за „Ало“.
Погледнете како изгледал нејзиниот прв настап: