Фудблерот Немања Гудељ наводно купил луксузен стан во Белград за кој дал огромна сума на пари.
Гудељ, имено веќе неколку дена е со семејството во Белград каде дојде по повод роденденот на својата девојка Анастасија Ражњатовиќ.
Тој во Белград престојува во луксузен стан во елитната населба во Белград, а како што се шпекулира фудбалерот наводно станот го купил и тоа во зградата покрај река.
Фудбалерот станот го купи од Вики Миљковиќ која е кума на неговата драга Анастасија.
Во склоп на зградата има огромна гаража, како и затворен базен со лежалка кој можат да го користат оние кои живеат во зградата.
Во склоп на објкетот се наоѓа и ресторан на влезот од зградата.
Дел од српските медиуми пренесоа дека Анастасија веќе се преселила кај славниот фудбалер.