Пејачката неодамна се појави на еден настан во својата родна земја, но Ана Николиќ овој пат не беше расположена да одговори на бројни прашања на новинарите.
Познатата пејачка само накратко изјавила дека има нови планови за во иднина.
Веќе не сум пејачка, тоа мора да го знаете. Нема да пеам вечерва, ќе мора да купувате стари албуми – накратко изјавила Николиќ.
Оваа нејзина изјава збуни многумина, па фановите на пејачката како и новинарите кои ја следат нејзината кариера се запрашаа за што се работи.