Стефан Ѓуриќ Раста почна со издржување на казната домашен притвор и следната година движењето ќе му биде ограничено. Покрај дозволената прошетка од еден час во близината на станот, на раперот му е дозволено да оди и во музичкото студио, кое е неговото работно место, каде што посветено работи на новите песни.
Но освен што работи, Раста организира и забави, на кои редовна гостинка е неговата бивша сопруга Ана Николиќ, со која повторно е во одлични односи.
-За време на издржувањето на казната, на Раста не му се забранети посетите, но тој не сака да ги организира забавите во станот, па затоа ги прави во студиото. Инаку, доста е дисциплиниран, изгледа се навикнал на ред во затворот. Сега фати ритам, секое утро вежба, здраво се храни, оди во студиото, работи, а на крајот од денот и се опушта. Ма, во студиото се случува хаос, подобро е одошто на сплавовите! Неодамна и ќеркичката Тара му беше во посета за време на викендот, па кога Ана дојде да ја земе, заседна во студиото. Верувајте ми, нему му е супер и ништо не му е тешко, открива близок извор на раперот за медиумите.