Српскиот политичар и пратеник Милутин Мркоњиќ почина во Белград на 79-годишна возраст, откако ненадејно му се влоши здравствената состојба, а веста ја потврди и Ивица Дачиќ.
Неговата голема љубов беше пејачката Ана Бекута, а се забавуваа повеќе од девет години бидејќи романсата ја започнаа на Денот на вљубените во 2012 година.
Легендарната поп уметница во една прилика изјави дека веднаш знаела дека Милутин е токму тој што го чекала толку години.