Ана Бекута ги расплака сите: Да не беше Марина Туцаковиќ ќе ме немаше и мене!

Денескаво градското собрание на Белград се одржа комеморација по повод смртта на познатата авторка на текстови, Марина Туцаковиќ.

На комеморацијата дојдоа голем број јавни личности и нејзини пријатели и колеги, со кои Марина соработуваше со години.

Првиот говор го одржа синот на Марина, Милан Лаќа Радуловиќ, а потоа збор земаа и Јелена Триван и Ана Бекута, додека модератор на програмата беше Драгана Катиќ.

Најемотивниот говор на комеморацијата го одржа Ана Бекута, при што се расплакаа многумина помеѓу кои и Јелена Карлеуша.

Нашите најинтимни чувства ги претвори во зборови кои сите многу добро ги знаевме, но без неа никогаш немаше да ги отпееме и изговориме. Таа создаде неверојатни стихови од едноставни зборови. Марина Туцаковиќ не ја загубија само нејзинот синот и сопругот, туку и пејачите изгубија дел од иднината, изјавила Ана Бекута.

Без мене ќе ја имаше Марина на сцената, но без неа мене ќе ме немаше – додала Бекута, по што Карлеуши пуштила солзи, јавуваат медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e