Актерката Амбер Херд поднела жалба од 16 точки против пресудата со која се наложува на нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп да му плати 15 милиони долари за клевета.
Имено, нејзините адвокати сметаат дека немало доволно јасни докази за злонамера, што е еден од условите што мора да се исполнат за некој да биде осуден за клевета.
Судот, исто така, му наредил на Деп да ѝ плати на Херд два милиони долари, исто така за клевета, а Херд и нејзиниот адвокатски тим се жалат дека отштетата е „неприфатливо неконзистентна“. Тие се жалат и на локацијата на судењето, бидејќи сметаат дека требало да се одржи на посоодветно место од Ферфакс, Флорида.
Тимот на Деп сакал судењето да се одржи таму, бидејќи таму е отпечатен весникот „Вашингтон пост“, во кој Херд изнесе тврдења за злоупотреба.
Главниот дел од жалбата е дека правниот тим на Амбер Херд смета дека судот згрешил што му дозволил на Деп да добие отштета врз основа на некои од претходните изјави на Амбер Херд.
Тврдат дека требало да ѝ се суди само поради споменатиот напис во Вашингтон пост, каде Херд не го спомнала името на Деп, па сметаат дека немало основа тој да го добие случајот на суд.