Ален Исламовиќ откри детали за својот успешен брак

Босанскиот пејач и поранешен член на групите „Бјело дугме“ и „Дивље јагоде“, Ален Исламовиќ, беше познат како еден од најпосакуваните мажи на овие простори и ретко која жена успеала да одолее на неговиот шарм и изглед, но неговото срце ѝ припаѓало само на неговата сопруга Марјана.

Tие двајца не се појавуваат често заедно во јавноста, но се во хармоничен брак 42 години и се родители на 34-годишната ќерка Уна и 27-годишната Лара. Ален за проговори за нивната врска и откри како успеале да го зачуваат бракот.

-Марјана ја запознав кога таа имаше 16 години, а јас имав 22. Бев никој, само локален пејач во бендот БАГ. Од тогаш ние двајца заедно пливавме низ сите бури и се трудиме да преживееме и да го зачуваме нашиот мир. Таа беше мојата најголема поддршка низ сето она низ кое поминав и во сите одлуки што ги донесов, а знаеја да бидат болни и неизвесни. Бракот е компромис, мир и треба да се знае како да се зачува, изјави во една прилика Ален, пренесува Блиц.

Двојката се запознала за време на излет во ноќен клуб, а нивната љубов се случила на прв поглед.

-Често патуваме заедно и лудо се забавувавме. Сега не сме во тие години и ако излеземе ќе ни требаат три дена да се опоравиме, изјави Марјана за „Блиц“. Таа поради семејството се откажала од работата како медицинска сестра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e