Александра Пријовиќ за дочекот на новата 2025 година ќе спечали 120 000 евра

Српската фолк пејачка Александра Пријовиќ за најлудата ноќ ќе пее на Златибор.

За дочекот на 2025 година, апсолутни рекордери по новогодишни хонорари годинава ќе бидат легендарниот пејач Здравко Чолиќ и Александра Пријовиќ.

Чолиќ за настапот во Тиват, Црна Гора, ќе добие 120.000 евра, колку и Александра Пријовиќ на Златибор.

Ниту фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ нема да помине лошо во Херцег Нови, каде ќе пее за 100.000 евра.

Ова не е изненадувачки ако се земе предвид дека во текот на претходната година Пријовиќ имаше мега успешна турнеја „Од исток до запад“. Таа одржа повеќе од 60 концерти во регионот и во дијаспората.

Инаку, минатата година Александра пееше во Сава центарот во Белград, а место за нејзиниот настап во пресрет на најлудата ноќ чинеше и до 250 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e