Инспекторите кои работат на случајот со несреќата што се случи за време на снимањето на филмот „Рѓа“ ја истражуваат можноста дека актерот да ја убил снимателката со рециклирана муниција, бидејќи таква била пронајдена во кутијата со маневарска муниција, покажуваат судските документи објавени вчера.
За време на снимањето на филмот, на 21 октомври, снимателката Халина Хачинс беше убиена, а режисерот Џоел Соуза беше ранет, откако актерот Алек Болдвин испукал истрел од пиштол-реквизит. Судските документи вклучуваат и налог за претрес на локална продавница за муниција и филмски реквизити од каде што биле купени и овие предмети за потребите на снимањето.
Сопственикот на продавницата во својата изјава за полицијата рекол дека се сомнева дека куршумите, кои биле пронајдени на филмскиот сет, всушност биле рециклирана муниција што ја добил од пријател. Но, сепак главното прашање останува како вистинскиот куршум завршил на местото во маневарската муниција, а потоа и во пиштолот.
Досега против никого не е поднесена кривична пријава. Двајца членови на од тимот покренаа граѓански тужби во врска со несреќата, а продуцентот и некои други лица се товарат за невнимание. Болдвин изјави дека неговото срце е скршено и дека ќе соработува со истражителите.