Американската академија за филмски уметности и науки соопшти дека ја прифаќа оставката на актерот Вил Смит, пренесоа медиумите.
„Ние ќе продолжиме со нашата дисциплинска постапка против г. Смит за прекршување на стандардите на однесување на Академијата“, Дејвид Рубин, претседател на Академијата, наведе во изјавата испратена до „Пипл“.
„Во тек е дисциплинска постапка за прекршување на Стандардите на однесување на Академијата, пред следниот состанок на Одборот закажан на 18 април.“
Изјавата дојде веднаш по соопштението на Смит дека ја напушта оваа професионална организација, потег кој беше очекуван по оскаровската шлаканица што предизвика лавина негативни реакции.
„Ја изневерив довербата на Академијата. На другите номинирани и победници им ја ускратив можноста да слават и да бидат прославени за нивната извонредна работа“, стои во изјавата на актерот.
„Го повлекувам моето членство во Академијата и ќе ги прифатам сите идни последици што Одборот ќе ги смета за соодветни“, додаде тој, признавајќи дека неговиот чин ја засени наградната церемонија. Списокот на оние што ги повредив е долг и го вклучува Крис, неговото семејство, многу мои драги пријатели и најблиски, сите присутни и светската публика“, напиша Смит.