Адел во живо ќе ја слушаат само вакцинирани

Oбожавателите кои сакаат да присуствуваат на концертот на пејачката Адел во Лас Вегас мора да покажат доказ дека се целосно вакцинирани а треба да имаат негативен тест за ковид-19, пишува Дејли Мејл.

„Организаторот на настанот бара сите учесници на овој настан да бидат целосно вакцинирани (14 дена од последната доза на вакцина) и да имаат негативен тест за Ковид-19 направен во рок од 48 часа пред концертот“, стои на страницата на која се продаваат билети за концертот на Адел. .

И доказот за вакцинација и резултатот од тестот мора да бидат издадени од давателот на здравствена нега што ја спроведува вакцинацијата или тестирањето. Негативен резултат од домашен тест за Ковид-19 нема да биде доволен за да се влезе во концертот.

Ова барање се однесува на сите кои се квалификуваат за вакцината, без исклучок. Децата кои не се квалификуваат за вакцинација мора да донесат доказ за негативен тест за Ковид-19 направен во последните 48 часа и треба да носат маска за време на концертот.

Адел минатата недела откри дека ќе има повеќе настапи меѓу 21 јануари и 16 април во Колосеумот во Палатата Цезар. Билетите требаше да бидат пуштени во продажба во вторник, но поради падот на Амазон се очекува билетите да бидат достапни за купување од денеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e