Aдел одложи десет концерти во Лас Вегас.
„За жал, морам да се смирам и да се одморам од моите концерти во Вегас“, ја започна таа објавата на Инстаграм.
Таа рече дека има здравствени проблеми. “Бев болна пред и за време на целата пауза. Немав шанса да се подобрам пред да продолжи шоуто и сега повторно сум болна, што за жал влијае на мојот глас”, објаснила таа.
Докторот ѝ рекол дека треба да ги одложи концертите, што и го направила. Таа требало да има концерти меѓу 1 и 30 март. Моментално ги разработуваат деталите и наскоро ќе објават кога повторно ќе може да настапи во Лас Вегас.
„Ве сакам момци, многу ќе ми недостигате и извинете за непријатностите“, порача Адел. Пејачката ја започна својата постојана претстава во Цезар Палас во Лас Вегас во ноември 2022 година. Коментарите под објавата се полни со поддршка.