Познатиот српскиот пејач Аца Лукас денеска итно бил примен на Ургентен центар во Белгард.
Како што пишува „Блиц“ пејачот останал да лежи во болница за подетални испитувања. Првиот упат кој го добил бил за гастроентерологија, но не се знаат деталите за неговата дијагноза.
Неговиот менаџер Саша Мирковиќ потврдил дека пејачот е во болница.
– Вистина е дека Аца Лукас заврши во болница. Само ќе ви кажам дека тој многу се исфорсира, претходните денови и недели многу работеше.