„АББА“ ја освои британската топ листа со камбек-албумот

Шведската супергрупа „АББА“ триумфално се врати на музичката топ листа во Обединетото Кралство во петокот (12 ноември), одејќи директно на бр. 1 со својот прв албум по 40 години, Voyage.

Voyage е најбрзо продаван албум на годината досега, соопшти компанијата за официјални топ-листи (UK’s Official Charts Company), со 204,000 продадени примероци во првата недела.

Само три други музички дела ја преминаа цифрата 200,000 продадени примероци во последната деценија: Адел со 25 , Ед Ширан со Divide и One Direction со Midnight Memories.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e