500.000 евра за четири концерти – Чолиќ „дебело“ ќе заработи за Нова година

Здравко Чолиќ по четирите концерти што ќе ги одржи во Сараево на 27 и 28 март, како и на 4 и 5 април 2026 година, ќе биде побогат за околу 500.000 евра – и тоа само од спонзорски договори. Името на регионалната музичка ѕвезда привлекло бројни компании кои сакаат да се рекламираат на ваков значаен настан.

Тоа го потврдува и познат босански менаџер, добро упатен во деталите (името и презимето му се познати на редакцијата), кој сведочи за големиот интерес и финансиската конструкција зад концертите.

„Уште летово знаев дека Чола ќе организира концерти. Се бараше само термин и сè се држеше во тајност. Негова желба беше да настапи и во Белград, но не знам што се случи таму, па пропадна. Сигурно е дека целиот регион сега ќе дојде во Сараево. Во март и април ќе бидеме главен центар на забавата. Спонзорите сами се јавуваат и Чола ќе заработи минимум половина милион евра од финансиските вложувања. Тој го закупи просторот и ги плати сите потребни давачки, а парите од спонзорите одат директно кај него. Тоа е негов личен приход, односно заработка од името и делото. Има многу трошоци – не е мала работа да се организира ваква музичка манифестација – но кога ќе се повлече линија, тоа и те како му се исплати“, вели менаџерот, кој побара дискреција.

Како што претходно објави „Курир“, првиот концерт беше распродаден речиси истиот ден кога беше најавен, што веднаш укажа на огромниот интерес кај публиката. Поради големата побарувачка, организаторите брзо закажаа и втор концерт, кој исто така беше распродаден за кратко време. Бидејќи интересот не стивнуваше, додаден беше и трет термин – и тој распродаден до последното место. Трите концерти беа распродадени за само шест дена.

Поради континуираниот интерес, одлучено е да се закаже и четврти концерт во „Зетра“, со што Чолиќ испиша ново поглавје во концертната историја на главниот град на Босна и Херцеговина. Досега не е забележан случај еден изведувач за толку краток период да распродаде повеќе последователни концерти во овој простор.

Во неколку наврати беше направен обид да се стапи во контакт со Чолиќ, но тој не одговарал на телефонските броеви познати на редакцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e