Кети Пери и поранешниот канадски премиер Џастин Трудо „фатени на дело“

По месеци гласини за тајна романса, Кети Пери и поранешниот канадски премиер Џастин Трудо беа фатени како страсно се бакнуваат во ресторан, несвесни за присутните.

Сведоци велат дека папараците успеале да го фатат парот додека разменуваат нежности, а Трудо, кој се смета за еден од најзгодните политичари во светот, не се двоумел да покаже колку е близок со пејачката ставајќи ја раката на задникот на Кети Пери.

Шпекулациите за нивната врска започнаа во јули, кога беа фотографирани на интимна вечера во Монтреал, но двајцата досега одбиваа да коментираат за нивниот љубовен статус.

image-65

Фотографиите што ја докажуваат нивната врска се направени кон крајот на минатиот месец, додека Пери правеше кратка пауза од нејзината светска турнеја „Лајфтајмс“.

Иако многумина очекуваа да ја држат својата врска подалеку од очите на јавноста, сега е очигледно дека парот нема што повеќе да крие.

За потсетување, Кети Пери ја заврши врската со актерот Орландо Блум во јуни оваа година по речиси 10 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e