Советот на јавни обвинители пред една и пол година пензионираше обвинители, за кои јавна тајна беше дека му пречеле на Марко Зврлевски. Од извори од Советот на јавни обвинители дознаваме дека кога се носела одлуката за пензионирање, двајца членови на Советот, се спротивставиле со аргументи дека одлуката е незаконска и не е почитуван извештајот на Законодавно правната комисија на Собранието на Република Македонија во постапката за автентично толкување на членот со кој се изменува и дополнува Законот за работните односи.
Сепак Советот, со надгласување ја донел одлуката. Дел од пензионираните, веќе имаат правосилни пресуди дека Советот погрешно го применил законот, судот ги укинува одлуките и на Советот му наложува да ги врати на работа. Со поништување на одлуката, која би требало да важи за сите, Советот на јавни обвинитело треба да донесе поединечни решенија и да им дозволи на обвинителите кои сакаат да продолжат со работа до 67 години тоа и да го сторат.
На сите пензионирани обвинители мора да им се исплати надомест но и камата од одлука на Советот до денес, што е голема сума и затоа има паника во Советот и несватливо е зошто го одолговлекуваат решавањето иако законски работата е чиста.
Извор: Досие.мк