Здружението на новинари на Македонија го впери прстот во партијата ВМРО-ДПМНЕ како поттикнувач на насилствата што минатата година биле направени врз новинарите и медиумските работници. Зад 90 отсто од нападите, рече претседателот Насер Селамни, стои оваа партија, која во тоа време беше на власт.
Освен од надворешни насилници, истражувањето за состојбата со новинарството од минатата година, покажува дека новинарите се соочуваат со закани и внатре во редакциите. Сопствениците, рече Селмани, вербално ги навредуваат и физички им се закануваат со насилство на новинарите да не критикуваат.
-Можете да сфатите во каква атмосфера работат новинарите врз редакциите – рече тој.
Минатата година имало 18 нови напади врз новинари, од кои 13 се физички и вербални напади, додека останатите се: навреди, попречување во работата и уништување на нивниот имот.
Како најбрутален напад ЗНМ го оцени насилството за време на крвавиот четврток.
-На 27-ми парил приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ насилно влегоа во Собранието за да спречат формирање на нова Влада. Физички ги нападнаа новинарите и снимателите и ги спречија да известуваат – рече Селмни.
Здружението регистрирало случаи на тепање на новинари, киднапирање, смртни закани, прогласување на предавници и јавен линч, а сепак ниеден од напаѓачите не е изнесен пред лицето на правдата. Ниеден од насилниците, рече Селмани, не е казнет од институциите.
-Обвинителството не покрена постапка за бројните примери на говор на омраза и јавно повикување линч против новинари. Останаа неказнети повиците за конечно расчистување со новинарите кои работат за медиумите на Сорос упатени од поранешниот директор на Државниот архив, Филип Петровски. Без пријава за говор на омраза помина и поранешниот директор на Македонскиот народен театар, кој преку социјалната мрежа фејсбук упати смртни закани кон новинарот Бранко Тричковски. Неказнети останаа и познатите тројки на ВМРО-ДПМНЕ, кои спроведуваа кампањи на навредување и застрашување на новинарите – посочи Селмани.
Целиот текст прочитајте го тука
Извор: Фокус