Златко Ветеровски ќе биде разрешен од помошник директор во Царинска управа?

Од добро упатени извори, дознаваме дека веќе подолг период, трае незадоволството од работата на помошник директорот на Царинската управа, Златко Ветеровски, пишува Граѓански збор.

Од порталот пишуваат дека Ветеровски, кој е помошник директор за царински систем е посочен како главен кочничар на позитивните реформи во рамки на Царинската управа.

Но, она што најмногу ја “прелеало чашата” е одземањето на лиценците на лиценцираните застапници поради неучество на дополнителна обука за време на ковид криза и игнорантскиот однос од негова страна.

Велат, Ветеровски со оваа одлука во изборен период направи огромна штета кон самите лиценцирани застапници кои остануваат без лиценци за работа а со тоа и неизвесност во зачувување на своите работни места. Штета е направена и врз компаниите во кои овие лица работат.

Смената на Ветеровски била договорена, останува само точниот тајминг поради изборниот процес, а веќе се спомнуваат и неколку имиња за негов наследник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e