Економскиот аналитичар Љупчо Зиков вечерва во “Само вистина” на Канал 5 телевизија со свој став за економските текови во државата во време на корона-кризата:
“Ќе беше многу подобро сега доколку владата на ВМРО-ДПМНЕ во период од 11 години не потрошеа милијарда евра. Тие се изгубени пари неповратно, зборуваме за пари извадени од буџетот. Слушавме на телефон како се градеа автопати. Значи, многу е битно на краток рок што ќе се прави. Прво државата ќе биде исправена пред предизвикот да позајмува. Како седиме дома и не работиме така и буџетот ќе страда. Битно е и како ќе го креваме бруто општествениот производ. Мораме да ја зголемиме личната потрошувачка. Во моментов централната мерка во сетот мерки е таргетирана за да се задржат работните места и да се добиваат примања, за кога ќе заврши карантинот луѓето да почнат да излегуваат и да имаат што да потрошат. А потоа, мора да се зголеми потрошувачката на државата во инвестиции, осносно државните инвестиции. Некои проекти кои биле предвидени со буџетот мора да продолжат да се реализираат, особено оние во ресорот на транспорт и врски.” – заклучи Зиков.