Жолтите ленти на ВМРО за спас на изборите

Пишува Билјана Секуловска за Нова ТВ

Иако информациите велат дека транзитниот камп Винојуг кај Гевгелија е празен, конечно, бројката е само 13 мигранти кои очекуваат да заминат кон Европа, ВМРО-ДПМНЕ со особен акцент на хистерија најавува референдуми против мигрантите токму на денот на локалните избори. Гевгелија, Штип, Кавадарци, Битола, Гази баба, Аеродром, Карпош – за почеток тоа се општините каде се најавуваат референдуми, а до локалните избори бројката многу лесно може да се зголеми зависно од апетитите на ВМРО, оние апетити за создавање на хаос, само заради паничниот страв од изборите.

ВМРО секогаш се гордее со политиката која ја промовира, негува и одржува- тоа е нивната специјалност за која само тие знаат и за која живеат: политика на ксенофобија, на омраза, на нетрпеливост, тоа е политика со која Европа и конечно целиот свет се надева дека се искорени, после ужасите и злата кои ги донесе фашизмот во Втората светска војна.

ВМРО во тој дух се надева на најдоброто што отсекогаш знаела да го понуди: дека секоја друга национална припадност поинаква од нивната, како и различната религија од нивната ќе бидат искоренети од светот, за да остане на сила само македонската, православната, чистата, негибната од поинаквите од нив.

ВМРО смета дека со право се надева- дека погромот, холокаустот, геноцидот, чистењето на еден народ, како што беше случајот со Евреите, повторно ќе го врати на сцена, на голема врата, со истите жолти ленти со кои сега ќе ги кити бегалците, за да се издвојат, за да маршираат во колоните на смртта, зошто само смртта им преостанува на овие луѓе, заради болните и опасни фантазии на ВМРО.

ВМРО смета дека ова е само нивна земја по која само тие смеат да одат, тоа е воздухот кој само нив им припаѓа да го дишат, тоа е светот кој само ним им е дозволено да престојуваат и никому повеќе. Притоа, ВМРО заборава на историјата на егејските бегалци, на голготата која без солидарност и емпатија од други земји ќе завршела со трагични последици.

И што да се понуди на партијата на Груевски после сето ова- она што и е сега потребно и неопходно е хуманитарна помош, само тоа може да им се додели- многу бодликави жици, тони бодликави жици за спас од измислените бегалци со кои бесрамно ги плашат гласачите дека ќе им ги окупираат домовите и животите.

Нека се замотаат со овие жици како палестински самоубијци, нека пуштат струја да тече по нив, нека не дозволат никој да им се приближи, никој да не ги допре, нека се изврзат со тие нивни бодликави жици, нека се заштитат од сите надворешни непријатели, од сите бегалци, од сите туѓинци, сите странци, сите непознати за нив, оние кои не се тие самите.

Оние кои имаат друга татковина, кои не им се радуваат на истите слави, ја немаат истата вера, ниту пак религија, ниту знаат за исто писмо, а ниту молитвите ги говорат на истиот јазик.

Затоа, се надевам дека референдумите на ВМРО против бегалците ќе успеат- ќе ги протераат сите, видливи и невидливи непријатели, оние кои не се нивна крв, нивен род, оние кои не се македонски матки, тие се веќе пребројани, таму никој не смее да се замеша.

Целиот текст прочитајте го тука 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e