(ЖИВО) Ковачевски: Да се воздржиме од шпекулации, процесот ќе биде транспарентен

Премиерот Димитар Ковачевски во моментов одржува прес-конференција.

Ова е прво обраќање на Ковачевски во јавноста околу конечниот текст на францускиот предлог за деблокирање на македонските евроинтеграции, што денеска пристигна во Владата.

Ковачевски рече дека денеска е пристигнат во Владата по нашата интервенција во Брисел и нашата реакција на драфт документите. Официјалните ставови ќе бида соопштени откако ќе завршат сите консултации со широката јавност.

Да се воздржиме од шпекулации, процесот ќе биде транспарентен, рече Ковачевски.
Во однос на ставовите на Бугарија, особено откако имаше драфт идеи, речено е дека идентитетските прашања не може да бидат дел од овој документ и тоа е она што можам да го потврдам.
Премиерот Ковачевски рече дека процесот во Европскиот совет не е познат , но точно се знае како ќе се одвива процесот во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e