Жерновски: Опозицијата со својата погубна стратегија не направи разлика помеѓу напад на влада и напад на држава

Андреј Жерновски, заменик министер за надворешни работи, во денешното гостување во “Отворено студио” на 24 телевизија, запрашан дали само опозицијата најмногу преку министерот Чулев е одговорна за моменталната состојба со коронавирусот, со став дека одговорноста е на сите, но и дека опозицијата води една погубна стратегија која само дополително ја влошува состојбата во државата.

“Има неодговорност и кај граѓаните. Јас ги замолувам оние 5% проценти неодговорни луѓе во државата да не бидат провокатори на оние 95% на кои им се заблагодарувам и кои целиот период се однесуваат дисциплинирано.

А, за министерот Чулев не само што не ни се погоди, туку воопшто не ни се погоди министерот. Тука зборувам за една погубна стратегија на опозицијата која дава вакви резултати какви што дава. Јас би бил среќен да имаме една опозиција како во сите други земји каде имаше криза. Сите тие опозициски партии дадоа помош, го покажаа она што треба, а тоа е заедништво, колективитет, солидарност, тоа што е мото на ЕУ. Ние имаме опозиција која перманентно напаѓаше, перманентно бараше оставки од здравствените власти, еве денес пак продолжуваат да бараат оставка. Вие на самиот почеток од пандемијата барате оставка од министерот за здравство, тоа никаде во светот не се случи. Ширење на лажни вести, дезинформаци дека нема тестови, дезинформации дека 140 000 луѓе останале без работа итн. Каква атмосфера предизвикува тоа? Жално е да констатираме дека имаме опозиција која не само што не помагаше, туку одмагаше само затоа што во коронавирусот и пандемијата виде шанса за одложување на изборите. Доказ дека не бегаме од одговорност е тоа што сакаме да ја преземеме целата одговорност.

Опозицијата треба да ја критикува работата на владата, но треба да направиме разлика помеѓу напад на влада и напад на држава. Доколку имате пандемија и здравствена криза невидена досега, а истовремено и економска криза, очекувавме подадена рака, барем овој период да ги остават политичките битки настрана. Битката за политички поени ќе ја водеа после откако ќе ја совладавме пандемијата. Но, се случи сосема обратно. Ние како влада освен што се боревме со невидлив непријател, ние моравме и со опозицијата да водиме битки. Кажете ми на кое друго место опозицијата одржува прес-конференции во текот на целата криза каде што ликува со бројките на заразени и починати? Колку тоа е погрешно покажуваат анкетите и довербата која ја ужива министерот за здравство” – истакна Жерновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e