Немате проблем со СДСМ, ќе имате проблем со граѓаните кои не ви веруваат, му порача Андреј Жерновски заменик министер за надворешни работи на својот соговорник Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „200“ на ТВ Алсат.
– Доколку ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ се оградеше од Груевски, од начинот на резонирање и практикување на политиката на Груевски, народот ќе го препознаеше тоа, рече Жерновски
Денеска од заробена земја станавме членка на НАТО и почнуваме преговори со ЕУ, порача тој. Огромна е разликата во сите сегменти, со оглед дека споредуваме мандат од 11 години со мандат од 3 години, појасни Жерновски.