Жбогар: Фер кампања и кредибилни избори се прв чекор во разрешување на кризата

Фер кампања и кредибилни избори во декември се клучен и прв чекор за разрешување на политичката криза. Оваа криза им нанесе сериозен удар не само на политичкиот систем, туку и на самите темели на владеењето на правото и демократскиот поредок и ја парализира земјата предолго.

Ова денеска го изјавил евроамбасадорот Самуел Жбогар на конференцијата „Напредни методи за мониторинг на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи“.

Според амбасадорот на Европската Унија во Македонија, декемвриските избори ќе бидат тест за одговорноста, зрелоста на земјата, за нејзините лидери, за нејзините институции, за јавните службеници, за медиумите и конечно за граѓаните.

Во насока на фер и демократски избори, Жбогар смета дека треба да има транспарентно финансирање на политичките партии и изборните кампањи. Тој истакна дека Европската Унија, ќе помогне за полесно да се дознае како се финансираат политичките партии.

Евроамбасадорот упатил и порака за слободата на изразувањето и медиумите кои ги смета за сериозен предизвик за земјата.

– Потребни се искрени и многу суштински напори и посветеност од сите актери, примарно од политичките лидери, да одговорат на правото на граѓаните за објективен и веродостоен пристап до информации. Ако граѓаните немаат пристап до слободни медиуми, ако им се негира правото на балансирано, фактичко и веродостојно информирање тие се изложени на пропаганда, што значи поткопување на демократијата и ефективноста на институциите – изјави Жбогар.

Извор: Мета

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e