Зголемен бројот на добиток во 2018-та, намалена живината

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2018 година, во споредба со 2017, вкупниот број говеда е
зголемен за 0.4 %. Бројот на говедата кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 0.9 %, додека бројот
на говедата кај деловните субјекти (земјоделските претпријатија и земјоделските задруги) е намален за 14.8 %.
Бројот на свињите кај деловните субјекти во 2018 година, во споредба со 2017 година, е зголемен за 17.9 %, додека
кај индивидуалните земјоделски стопанства е намален за 12.0 %.
Зголемување на бројот на овците е забележано кај индивидуалните земјоделски стопанства за 0.9 %, а кај деловните
субјекти нивниот број е намален за 17.2 %.
Во истиот период, бројот на козите кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 27.8 %, а кај деловните
субјекти за 9.0 %.
Бројот на живината во 2018 година, во споредба со претходната година, е намален за 0.6 %.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e