Згасна „Дневник“, првиот приватен весник во Македонија

Згаснува „Дневник“, првиот приватен дневен весник во Македонија. После големи турбуленции на кои претходеше и затворањето на весниците „Утрински весник“ и „Вест“, раководството донело одлука да се ликвидира фирмата Медиа принт ДООЕЛ. Оваа фирма презеде дел од вработените од трите весници.
На денешниот состанок, сопственикот на Медиа принт ДООЕЛ, Александар Динев, им соопштил на вработените дека од утре „Дневник“ нема да излегува во печат. На вработените им бил даден одмор од 20 дена, а потоа тие остануваат без работа. Против поранешните сопственици Керим и Јана Станисављева, Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ) поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство за злоупотреба на злужбената положба и овластување со образложение дека го намалувале имотот на правното лице со незаконски дејства, а со цел да згаснат дневните и неделни списанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e